More

    ДРЖАВЕН СРАМ , Охридски бисер најфалсификуван бренд во Македонија со амин на Државен пазарен испекторат!!

    spot_img

    Охридскиот бисер е еден од препознатливите белези за Македонија, земја на културно-историски споменици, природни убавини и богатства, традиција и квалитет. Иако Охрид изобилува со културно-историски обележја, споменици, и секако Охридското Езеро, мора да се види и дознае за Охридскиот бисер и приказната за него.

    Целосната тајна за изработката на бисерот ја знаат само семејството Филеви и семејството Талеви во Охрид – Македонија. Овие две семејства ја негуваат традицијата и обработуваат производ наречен Оригинален Охридски бисер. Всушност изработката се темели на рачно производство. Основата на бисерот е школка, т.е. срцевината на школката која се гребе и од неа се изработуваат најразлични форми (топче, солза и др.) и најразлични големини (од F5 до F15). Потоа се земаат крлушките на рибата плашица, и од нив се прави емулзија која се нанесува врз основата. Се разбира, на емулзијата е најспецифичниот дел од изработката на бисерот. Емулзијата се нанесува со четка од природен материјал, најчесто од влакна од опашката на верверица.

    Новите творби се предизвик за новите генерации на семејствата Филеви и семејството Талеви во Охрид, за продолжување на долгата семејна традиција.

    Охридски бисер најфалсификуван бренд во Македонија со амин на Државен пазарен испекторат!!

    Доколку се погледне реалноста на пазараот во Македонија, може да се увиде дека буквално нема ќоше,дури и на пазарот во Охрид , а да некој не продава Охридски Бисер ,притоа убедувајќи ги купувачите , дека току тој со неговата фаилија имале вековна традиција за производство и продажба на Охридски бисер.Иста таква слика може да се сретне буквално во секој град во Македонија, а всушност тајната за производство на Охридскиот бисер ја имаат само двете семејства во Охрид Филеви и Талеви и ниту еден друг.

    За жал Државниот пазарен испекторат ,повеќе има интерес кој продава текстил и леб по пазарите ,кој продава брендирана стока како би можеле добро да се облечат тие самите, него кој го уништува едиснтвениот заштитен производствен бренд кој го има Макеоднија на светско ниво. Законите во Република Македонија од оваа област ги вклучуваат законот за индустриска сопственост, законот за авторско право и сродните права, а во други јурисдикции постојат и други закони,кој патем никој не ги почитува, секако благодарение на државната политика за унишптување на све она што треба да го чуваме и негуваме како автохтоно национално богаство.

    Приказната за подемот на Охридскиот бисер започнува 1920 година ,кога Михаил Милчо Талев во Врначка Бања Р.Србија и подарува Охридски Бисер на српската кралица Марија Караџорџевич .Со Охридски бисер закитени се градите на

    • Јованка Броз (Прва Дама на Југославија)
    • Дијана (принцеза од Велс)
    • Маргарета II (Кралица на Данска)
    • Јулијана (Кралица на Холандија)
    • Марија (Кралица на Југославија)
    • Џована (Кралица на Бугарија)
    • Вилма Трајковска (Прва Дама на Македонија)
    • Елизабета II (Кралица на Обединето Кралство)
    • Каролина Гочева (Македонска пејачка)
    • Жулиет Бинош (Француска глумица), и многу други познати светски имина.

    Крајно недолично е за една држава која има вековна аспирација да биде дел од Европска Унија ,да не го почитува основното начело на и основна европка вредност – правото на интелектуална сопственост.

    Само на овој начин на репродукција на сива економија со нелегална продажба на фалсификуван Охридски Бисер ,Македонија годишно губи над 10 милиони евра на име на неплатени даноци,пари кој ги инкасираат продавачите на фалсификуван Охридски Бисер во Македонија.

    С.Денесовски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img