Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Еуровиа“ од Желино за повеќе од 1 милион евра ќе регулира дел од одводниот канал во Арачиново. Министерството за животна средина и просторно планирање ја избра оваа компанија на тендерот на кој се бараше најниска понуда.
Вредноста на договорот е 63.888.215 денари или 1.038.833 евра.
На тендерот учествувале уште две компании „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но работата ја доби познатиот донатор на ДУИ.
Според она што е објавено на поратлот е-набавки, на тендерот највисокатаа добиена понуда била 65.906.067 денари, а најниската понуда изнесувала 55.142.554 денари.
„Еуровиа“ во последен период добива најголем дел од тендерите кои ги распишуваат институциите.