Друштвото на писателите отвори Конкурс

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните награди за најдобри книжевни остварувања во календарската 2022 одина, чии автори се членови на асоцијацијата.

Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се клучен критериум за валоризација на годишната книжевна продукција кај нас.

Право на учество на овој конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири примероци од своите новообјавени книги во текот на 2022 година во посочените категории.

Примероците може да се достават во канцеларијата на ДПМ , или да се испратат по пошта на следнава адреса: Друштво на писателите на Македонија, ул. Максим Горки бр.18, 1000 Скопје.

За секоја од наградите ќе одлучуваат тричлени комисии составени од истакнати писатели со евидентно искуство во жанровските домени на кои тие се однесуваат, соопшти ДПМ.

Share This Article