Српската културна градина од Кливленд и Научната Фондација Тесла вчера, во недела, на крајот од Ју Ес Опен открија биста од Новак Ѓоковиќ под мотото „Новак сепак дојде во Америка“, јавува Нова. Споменикот на тенискиот ас ќе биде во друштво со бисти на други видни српски личности како Михајло Пупин, Милева Мариќ, Десанка Максимовиќ…
– Српскиот народ ќе ја подигне бистата на Новак, која секогаш ќе нѐ потсетува на нашата гордост, единство и морални и духовни квалитети кои ги негуваме со векови“, изјави иницијаторот на настанот, Никола Лончар, кој е претседател на фондацијата ТНФ од Филаделфија.
Бистата на Новак Ѓоковиќ е дело на скулпторот Бојан Микулиќ од Бања Лука. Излеана е во леарница во Србија. На нејзиниот пиедестал пишува:
„Новак Ѓоковиќ е одличен српски професионален тенисер, кој е рангиран како број еден и кој го држи рекордот со 373 недели на прво место. Новак и неговата сопруга Јелена се хуманитарци, кои им помагаат на жителите на Мајшана да живеат достоинствено и среќно. Тој направи српскиот народ да се гордее“.