Другите 11 патници што беа повредени во автобуската несреќа во Италија, се враќаат во Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот државјанин што беше потешко повреден во вчерашната автобуска несреќа во Италија, денеска ќе биде опериран во болницата во Анкона. Другите 11 патници исто така македеонски државјани, кои се здобија со полесни повреди, по укажаната лекарска помош во болницата во Сан Бенедето дел Тронто, се во добра здравствена состојба и се враќаат дома, информираа од Министерството за надворешни работи во врска со вчерашната сообраќајна несреќа во која автобус со македонски туристи се судрил со два камиони  на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона.

„Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди, во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто биле пренесени 11 патници, државјани на Северна Македонија. Тие во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака“ – соопштија од МНР.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Во вчерашната автобуска несреќа во Италија, на лице место почина 59-годишниот возач на автобусот кој е во сопственост на туристичка агенција од Македонија, а повредени беа 12 патници, сите од Македонија.

Share This Article