Дру Баримор откри дека немала емотивен партнер откако се развела од сопругот Вил Копелман во 2016 година, со кој има две ќерки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Актерката Дру Баримор откри дека немала емотивен партнер откако се развела од сопругот Вил Копелман во 2016 година, со кој има две ќерки. Како што изјавила, и нејзиниот поглед кон интимните односи целосно се променил, па така воопшто не ѝ се потребни.

Актерката ја споделила својата лична приказна во својот најнов блог каде навела дека не мрази секс, туку на него и на љубовта гледа како на две различни нешта.

– На речиси 48-годишна возраст се чувствувам сосема поинаку во врска со интимноста отколку кога растев. Немав родители кои ми беа пример и од мала се дружев со луѓе на возрасен начин – открила актерката во својот нов блог за апстиненцијата на самохрана мајка.

Во минатото, рекла дека барала „возбуда, потврда и авантура“ преку сексуалните односи, но тоа сега целосно го искоренила.

– По две деца и разделба од нивниот татко, го сменив фокусот кога е во прашање љубовта кон самата себе и кон моите две ќерки – продолжила таа, додавајќи дека тоа не ги вклучува мажите, ниту ги вклучувало некогаш.

Потоа прокоментирала и како еден терапевт еднаш ѝ рекол дека сексот не е љубов, туку само израз на љубов, што многу ѝ помогнало.

– Цел живот барав такви зборови кои ќе ми помогнат да ја разберам разликата и сега благодарение на него, разбирам. Откако сум самохрана мајка, не можев да имам интимна врска. Не сум личност на која ѝ треба секс. Јас сум некој кој е длабоко посветен да го охрабри начинот на кој младите жени, моите ќерки и јас како жена, треба да функционираат на овој свет – признала и нагласила дека можеби наскоро ќе може да влезе во врска, но дека тоа во никој случај не и е приоритет.

Share This Article