More

    Дрска госпоѓа „се прослави“ во прилог на ТВ Алфа

    spot_img

    Екипа на телевизијата Алфа доживеала непријатна ситуација додека снимала сторија за четиригодишната Бисера, која е дете со дијабет, во еден скопски парк. Додека таткото на девојчето објаснува со кои проблеми се соочуваат тој и сопругата како родители, дрска жена буквално ги набрка од летниковецот во кој снимаат, со образложение дека бил „резервиран“ за да слави роденден за нејзиното дете.

    На прашање на водителката дали знае за што е интервјуто, жената одговара:

    „Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината“.

    Жената не одговори на прашањето на новинарката како тоа може да се резервира летниковец во парк, кога тој е дел од урбаната опрема на градот.

    Новинарите, сепак, попуштија и го напуштија „резервираниот“ летниковец, а разговорот со 4-годишната Бисера, која има дијабет, и со нејзините родители, го продолжија на сонце.

    Целата непријатна случка новинарите на Алфа ја објавија во прилогот, а неговото објавување предизвика бројни критики и револт на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img