Во московскиот регион во саботата наутро имаше закана од напад со дрон, како и бомба.
Државната новинска агенција ТАСС објави дека салата во градот Љуберци била евакуирана по закана за бомба, а на жителите на неколку блиски станбени згради им било кажано да си заминат.
Нејасно е кој се заканувал на салата, пренесува SkyNews. ТАСС потоа извести за мала експлозија во близина на салата. Експлозијата се случила покрај автомобил Ауди во кој според првичните податоци најверојатно била сокриена бомба.
На местото на настанот работат припадници на полицијата, руската национална гарда и ФСБ.
Покрај тоа, нападот со беспилотно летало бил спречен во регионот околу 5:05 часот по локално време, соопшти руското Министерство за одбрана. Летовите на аеродромите Внуково и Шереметјево беа привремено прекинати.