Откако на подрачјето на Мердар и во околината на Рашка биле забележани непознати беспилотни летала кои ги набљудувале касарните и позициите на војската на Србија, претседателот и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје.
За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „миг 29“ биле подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони.
Наскоро, објектите го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, вечерва неофицијално објавија српските медиуми.
Српската премиерка Ана Брнабиќ за РТС ја потврди информацијата и додаде дека ќе бидат соборени сите дронови кои се регистрирани во близина на воени објекти и позиции, што „би го направила секоја друга земја“. Таа додаде дека беспилотните летала што биле забележани денеска снимале една позиција во српската копнена безбедносна зона и две касарни.
Фото: МИА