Од март до јули годинава во државниот буџет биле префрлени 650 000 евра врз основа на правосилни судски одлуки, конфискација на парични средства и продажба на одземен имот, соопшти Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одеземен имот.
„Во државниот буџет се префрлени 40 милиони денари, или 650 000 евра. Потребен е нов Закон за управуање со одземен имот за што веќе е разговарано со министерот за правда Кренар Лога. Наш најголем проблем е тоа што складиштата ни се преполни со хаварисани возила стари и по 30 години и се неупотребливи“, вели Небиу.