Древната комета која се јавува еднаш во 80.000 години, Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС, беше видлива и на небото над Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa11659549 Comet C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS) is seen crossing the sky over Skopje, Republic of North Macedonia, 14 October 2024. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Древната комета која се јавува еднаш во 80.000 години, Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС, беше видлива и на небото над Македонија. Кометата која последен пат поминала покрај Земјата во праисторијата, брзо го привлече вниманието на астрономите низ светот на почетокот на октомври.

Скопското астрономско друштво објави фотографија на битолчанката Ивона Кочов каде што се гледа како „удира“ над врвот Пелистер. Друштвото вели дека кометата може да се види на чист хоризонт на запад со двоглед или со помал телескоп, „веднаш над Венера“.

„Ц/2023 А-3“ позната како Цучиншан-АТЛАС или скратено „А-3“, беше откриена во јануари 2023 година. Се работи за голема грутка од мраз и вселенска прав што доаѓа од Ортовиот Облак којшто се наоѓа во оддалечените делови Сончевиот Систем и го опкружува Сонцето.

Се смета дека Ортовиот Облак содржи милијарди ледени тела, вклучително и комети, коишто повремено навлегуваат во внатрешниот Сончев Систем поради гравитационите нарушувања.

Се смета дека и оваа комета оддава најјака светлина во споредба со останатите досега во овој век.

Периодот од средината до крајот на октомври ќе биде најдобар за набљудување, кога вселенското тело ќе се појави на запад, веднаш по зајдисонце.

- Advertisement -
Ad image

Кометата е оддалечена од Земјата на околу 71 милион километри.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share This Article