Хаотични сцени се снимени вечера на аеродромот во Франкфурт, еден од најголемите и најпрометните во Европа, кој го зафати силно невреме проследено со поплави и вода до колена. Пистите се поплавени, авионите се во вода, а на терминалите се појави „езеро“.
Големите поплави на аеродромот резултираа со големи доцнења и откажувања на летови, што предизвика хаос на аеродромот.
Откажани се најмалку 70 летови, јавува Ројтерс.
Претходната вечер во тој регион наврнаа и до 60 литри дожд на метар квадратен.