More

    Драматични слики од Грција: Пепел и чад во популарните летувалишта

    spot_img

    Во Грција беснеат пожари, а најлоша е состојбата околу градот Алексадрополис на североистокот на земјата. Но, последиците од пожарот се видливи и на Халкидики кој е оддалечен 200 километри додека лета врана, а не беше поштеден ниту Солун.

    Над повеќето одморалишта од Тасос до Солун, видливи се чад, пепел што паѓа и црвеното сонце што се пробива низ облакот од чад и жар.

    Туристите се жалат дека чадот им боде очи и го отежнува дишењето.

    На социјалните мрежи се појавија бројни фотографии и видеа од последиците од пожарот кој ги зафати и другите региони на Грција, како Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи.

    Вчера во шумата Дадија на северот од земјава биле пронајдени 18 јагленосани тела, а во самиот Александрополис е евакуирана болница бидејќи до неа стигнал пожарот.

    Пациентите и новороденчињата на интензивна нега се префрлени од Универзитетската болница во тој град на траект во пристаништето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img