More

    Драматична снимка од апсењето на 37 криминалци од Западен Балкан

    spot_img

    Европол денеска соопшти дека се уапсени 37 членови на многу насилна криминална група од Западен Балкан, која главно се занимавала со шверц на дрога и огнено оружје низ Европа.

    Според информациите, 15 од 37-те осомничени се уапсени во вчерашните рации, кои беа спроведени истовремено низ Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Холандија, Италија, Белгија и Германија.

    Се додава дека акциите биле координирани од командното место во Загреб, со поддршка на офицерите на Европол распоредени на терен.

    Групата била предводена од државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментов издржува четиригодишна затворска казна во Италија.

    Тој продолжил да организира криминални дејствија од затворската ќелија, од каде што, како што се верува, редовно издавал наредби и упатства до своите подредени.

    Во рациите, меѓу другото, запленети се 148.000 евра во готовина, 18 парчиња огнено оружје од кои два митралези и 2.512 парчиња муниција.

    Притоа, запленети се 15 килограми кокаин, 11 килограми хероин, три килограми амфетамин, седум килограми марихуана и 10 килограми хашиш.

    Оваа меѓународна акција е проследена со сложена истрага предводена од хрватската главна полициска управа, во рамките на Оперативната група „Балкански картел“, се вели во соопштението на Европол.

    Хрватската полиција објави и видео од едно од апсењата, на кое се гледаат драматични сцени на вооружени специјалци кои упаднале во становите на осомничените извикувајќи „легни долу“ и им ставаат лисици.

    Европол претходно ја формираше Оперативната работна група „Балкански картел“, која обединува истражители од цела Европа и светот, со цел ефикасно да се справи со заканите кои доаѓаат од овој регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img