More

    Драматична исповед на братот на девојчето од Србија кое се бори за својот живот

    spot_img

    Девојчето (12) кое беше тешко повредено при падот на вртелешката во Куршумлија во Србија и кое во животно загрозувачка состојба е пренесено во болницата во Ниш, моментално е во стабилна состојба. Мајката на девојчето е во Клиничкиот центар покрај ќерката, а причините за несреќата се уште не се утврдени.

    Како што откри братот на девојчето за српски Телеграф, следните два до три дена се клучни, а нејзината состојба се следи под будното око на лекарите во Ниш, ги посочи и деталите кога дознал за страшната ситуација.

    – Сестра ми има 12 години, знам сè за тоа што се случи вчера. Таа отиде со другарките, пропуштија час на училиште, слегоа на рингишпил, се случи тоа што се случи. Бев на работа, а другарка ми ми кажа што се случи, веднаш излегов од работа и се упатив кон Прокупље – ја започнува исповедта Стефан Белошевиќ, братот на девојчето и продолжува:

    – Додека стигнав во Прокупље, ме известија дека ја однеле во Ниш, дека е префрлена таму. Потоа отидов во Клиничката болница. Веднаш беше префрлена во вештачка кома и вентилатор. Нејзиниот мозок почна да отекува, мораа веднаш да го направат тоа затоа што до утрово немаше да може да ја поднесе болката. Докторот рече дека е во тешка состојба и дека следните два-три дена ќе биде во добри раце, дека нешто исчезнало, но сега не знам да се изразам професионално и да кажам што е тоа – раскажал со братот тежок глас.

    Тој вели дека е огорчен за сè.

    – Прочитав дека директорот се огласил и дека ја поминал проверката, нема ништо. Знам дека се стари луѓе, но таму возат деца – вели Белошевиќ.

    Стефан додека дека трагедијата го зафатила нивното семејство уште пред три години кога починал нивниот татко.

    Тринаесет деца се повредени во текот на вчерашниот ден, кога дел од вртелешката паднала на платото кај автобуската станица во Куршумлија, соседна Србија. Пет лица се згрижени во Здравствениот дом во Куршумлија, а седум во болницата Прокупац.

    Две лица се уапсени поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност.

    Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера информираше дека уапсени се сопственикот на рингишпилот и закупецот на местото каде бил поставен.

    Девојчето кое падна во кома е во стабилна состојба, но следните три дена се клучни.

    Лекарите кои први пристигнале на местото на несреќата и кои го пронашле девојчето за медиумите посочија дека таа била во несвест, во лоша општа состојба со лоши витални знаци. Веднаш ѝ била дадена терапија за вакви ситуации и била испратена во Прокупље, каде била прегледана, а потоа префрлена во Ниш.

    – Децата беа во корпите, повредени со полесни и тешки повреди. Металната конструкција падна, тоа беше страшна глетка. Сите колеги беа на нозе – кажа д-р Билјана Петровиќ во емисијата „Уранак“ на телевизијата К1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img