Висиката цена на јајцата и пилешкото месо во САД го зголеми за 60 отсто шверцот со оваа храна на границата меѓу САД и Мексико.
Царинските власти соопштија дека има голем пораст на количината на забранети прехранбени производи, како што се сурови јајца и сурово месо од живина, донесени од патници од Мексико, што не е дозволено со федералните земјоделски регулативи.
Роџер Мајер, портпарол на американската царина во Ел Пасо, Тексас, изјави за Yahoo Finance дека забележал драматично „зголемување на бројот на луѓе кои се обидуваат да пренесат јајца од Хуарез во Ел Пасо бидејќи тие се многу поевтини во Мексико отколку во САД“.
Само во областа на преминот Ел Пасо, агенцијата објави дека бројот на заплени на јајца и на живина се зголемил за 108 отсто од 1 октомври до 31 декември минатата година.
Според Федералниот закон, на патниците им е забрането да носат одредени земјоделски производи, вклучително и пилешки јајца, во САД, бидејќи тие можат да носат штетници од растенија и болести на странски животни.