Шест лица се повредени кога се запали сауна во соба во хотелот Римски Топлице во Словенија.
Како што пренесува 24.ur, на местото на пожарот веднаш пристигнале пет противпожарни возила, додека 100 гости на хотелот веднаш биле евакуирани.
Според нив, пожарот избувнал во една од собите на шестиот кат, а надлежните веруваат дека гостите кои престојувале во собата со сауна ја вклучиле за да ја користат.
Повредените се пренесени во болницата во Целје, меѓу нив и неколку работници и сопственикот на хотелот.