More

    Драма во Русија: Убиени тројца безбедносни службеници, фатен еден напаѓач

    spot_img

    Еден од лицата барани за напад врз полицајци во руската област Ингушетија е фатен во петокот, објавија руските медиуми.

    „Еден од бараните, Амир Боков, роден 2001 година, се предал на полицијата. Потрагата по уште тројца продолжува“, изјавил изворот за РИА Новости.

    Како што пишува „Известија“, ноќта на 6 април, специјалните сили на руската ФСБ, во соработка со вработени во руската гарда и Министерството за внатрешни работи на Ингушетија, блокирале радикали во едно од домаќинствата во селото Зјазиков-Јурт како дел од антитерористичка операција.

    Во таа акција загинаа тројца припадници на службата за безбедност, а повредени се уште осуммина вработени. Напаѓачите или како што ги нарекуваат руските медиуми – терористи, успеале да побегнат.

    Министерството за внатрешни работи на Ингушетија распиша потерница за четворица мажи на возраст од 22 до 36 години и понуди награда од три милиони рубљи (околу 33 илјади евра) за информации за бараните лица.

    Состојбата во оваа област стана тензична на крајот на март. Според руските медиуми, полицијата се обидела да ги приведе терористите за напад врз полицијата на крајот на март, но милитантите отвориле оган врз чуварите. Потоа, на 27 март, терористите пукаа во полициска станица во близина на градот Назран и побегнаа од местото на настанот, при што беа повредени двајца полицајци кои вршеа должност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img