Драгана Мирковиќ го тужи сопругот од кого се разведува

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ е во процес на развод од бизнисменот Тони Бијелиќ по 24 години брак. Српските медиуми пренесуваат дека пејачката покренала тужба и наскоро ќе се сретнат на суд.

Иако на почетокот се зборуваше дека Драгана и Тони ќе се разделат со спогодбен развод, тоа очигледно нема да се случи.
Како што дознава Телеграф, Драгана решила имотот што го имаат да го подели по судски пат, бидејќи во моментов не е можен друг договор, открива извор за српскиот портал.

Во наредните месеци ги очекува милионска бракоразводна парница за стекнатиот имот.

Богатството на музичката ѕвезда и на богатиот бизнисмен со години е јавна тема, што сега ќе биде и тема на расправа во судот
Една од најголемите балкански ѕвезди Драгана Мирковиќ често може да се најде на листите на една од најбогатите јавни личности од овие простори.

 

Драгана, која кариерата ја започна во осумдесетите и која до 2017 година издаде 21 албум, заработува и од основната професија – пеењето.

Сепак, многу позначајни извори на приход се оние создадени од заедничките деловни потези со нејзиниот  сè уште легален сопруг Тони Бјелиќ. На прво место, тоа е телевизија ДМ со која раководи Драгана, а која ја основаа заедно во 2005 година во Пожаревац.

- Advertisement -
Ad image

Богатството на Драгана, според последната проценка на веб-страницата „Net Worth Celebrities“, изнесува 100 милиони долари.

Драгана и Тони започнале и бизнис со продажба на луксузни автомобили додека биле во брак, а меѓу нивните клиенти има голем број нејзини колеги.

- Advertisement -
Ad image

Славниот пар поседува бројни имоти, меѓу кои и огромен замок во Австрија.

Share This Article