Под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд.
Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата значително ќе опадне и максималната ќе биде 17 степени.