Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималните утрински температури ќе се движат од 10 во Берово до 19 во Гевгелија, а максималните дневни од 26 во Маврово и 36 Целзиусови степени во Скопје и Гевгелија.
Во Скопје ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 36 степени.
В петок во земјава ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Минималната температурата ќе се движи од 11 до 20 степени, до максимални 27 до 34 степени.
Следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Како што најавуваат од УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во петок и во сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветар и град.