Српските вооружени сили го испорачаа вториот транспортен авион Ц-295 КАСА кој беше нарачан од Шпанија, соопшти Министерството за одбрана.
Приемот се одржа на воениот аеродром во Батајница, а присуствуваше и министерот за одбрана Милош Вучевиќ, кој оцени дека набавката на два вакви авиони ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на воздухопловните сили и на армијата во целина.
Првиот авион Ц-295 беше примен во средината на октомври и е прикачен на 138-та транспортна авијациска ескадрила во Батајница, која лета и со транспортни авиони Ан-26 од советската ера.
Два авиони беа нарачани од компанијата Ербас во февруари минатата година.