Дора Бакојани евоцираше спомени од самитот во Букурешт во 2008 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дора Бакојани, поранешна шефица на грчката дипломатија на панел-дискусија во Грција откри што се случувало една седмица пред грчкото вето за Македонија во Букурешт во 2008 година.

Бакојани е на став дека Договорот од Преспа е проблематичен делот за јазикот и за идентитетот, а не самото име, а детално се осврна на грчкото вето на Самитот во Букурешт во 2008 година.

– Ми се јавува (американскиот државен секретар) Кондолиза (Рајс), не ми вели здраво, како си, веднаш ми вели: „Имаме проблем“. Ѝ велам: „Да, голем“. Ми вели: „Знаеш, треба да прифатиш да влезат под името ФИРОМ“. Се наоѓаме една седмица пред Букурешт, не може да продолжат разговорите, не постои договор со Скопје. Ми вели: „Ќе го прифатиш“. Ѝ велам: „Само преку мене мртва“. Ми вели: „Не ме разбра“. Ѝ велам: „Што не разбрав?“. Ми вели: „Претседателот ќе биде многу вознемирен“. Ѝ велам: „Нема да биде ни прв ни последен пат претседателот да биде вознемирен“. Како што сфаќате овој разговор не помина многу добро. И бидејќи не помина добро и се изнервирав, реков нешто за што се каам. Ѝ реков: „Јас и ти имаме една разлика. Ти си поставена од претседателот, што значи одговараш пред претседателот, Јас сум избрана и одговарам пред народот“. И го завршивме разговорот – раскажа Бакојани.

Share This Article