Допрете го малиот прст со палецот и видете дали сте еволуирале: Само 10-15 отсто од луѓето го немаат овој мускул

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Male hand isolated on white background.,Image: 373885629, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: JYPIX / Alamy / Alamy / Profimedia

Ставете ја раката на рамна површина, дланката свртена кон вас. Допрете го малиот прст со палецот. Ако видите мала испакнатина во средината на зглобот, тоа значи дека имате „дополнителен“ мускул на подлактицата. Ако немате – ви честитаме, вие се развивате!

На раката има посебна тетива која 10 до 15 проценти од луѓето ја изгубиле како резултат на еволуцијата и тоа е можеби најдобриот доказ дека сè уште се развиваме. Оваа тетива е поврзана со мускул кој првенствено го користеле мајмуните кои се качуваат на дрвја за лесно да се движат од гранка на гранка, пишува магазинот City.

На луѓето повеќе не им е потребна оваа тетива, па полека почнавме да ја губиме.

Ако го немате овој мускул, вие сте меѓу 10 до 15 проценти од луѓето на Земјата кои се родени без оваа тетива на едната или двете раце. Но, не грижете се, тоа не влијае на силата на вашата рака. Всушност, оваа тетива е толку безначајна што хирурзите често ја отстрануваат и ја користат за реконструктивна или пластична хирургија на друго место на телото.

Телото е музеј
Можеби звучи малку чудно, но вашето тело е музеј полн со антички реликвии кои никому веќе не му требаат. Од умници до фактот дека некои можат да ги мрдаат ушите, некои работи го одразуваат она што им било потребно на нашите животински предци за да преживеат.

Денес, овие еволутивни остатоци често се претвораат во забавен трик. Ако луѓето мавтаа со ушите за подобро да го лоцираат изворот на звук – како зајаци, газели и мачки – денес тоа го прават за да предизвикаат насмевка на лицата на нивните пријатели.

Share This Article