Дополнителниот заменик министер во МИОА ги протресува партиските вработувања

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За секој заслужен партиски војник на СДСМ и ДУИ имаме новоформирана институција, по изборите следи драматична трансформација на општеството во сите области , најави Дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Стефан Андоновски во интервју за Курир.

Дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, смета дека со трансформација и реорганизација на институциите може да се постигне подобар ефект отколку одново да се создава нова институција. Тој обзнани и  афера во која откри дека за 6 години власта создала 56 нови институции.

– Во 2017 година сме имале 1299 институции, за денес во 2024 година да имаме повеќе од 1360, што значи дека бројката што ја кажав најверојатно е и поголема. Само за една година, 2023/2024 година формирани се 18 нови институции. Но, луѓето не добиваат поквалитетни услуги, напротив бројот на директории, на одбори е зголемен, а вработените остануваат оние кои што се. Ако сите анализи на странски и домашни експерти покажуваат дека во Македонија треба да има околу 12 инспекторати, во моментов ние имаме 29 инспекторати… Вакви институции се измислуваат постојано, односно за секој заслужен партиски војник на СДСМ и ДУИ ние имаме нова институција која се формира за човекот да може да стане директор и да зема висока плата. Сметам дека со постоечките институции и нивна реорганизација можеме да постигнеме подобар ефект отколку одново да создаваме нова институција – истакнува Андоновски.

Дополнителниот заменски министер ја отвори и темата за партиските вработувања во јавната администрација.

– Од податоците кои се до сега систематизирани, во моментов се отворени над 2.800 позиции и работни места. Тоа е проблематично бидејќи тоа е направено со одлука на Владата, која одлучува дека ќе ги трансформира луѓето кои биле ангажирани на определено време или договор на дело во неопределено, но тоа не го прави со закон, туку го прави на Јавен повик. Практично има јавни повици на кои аплицираат луѓе кои веќе се знае дека ќе бидат примени, што значи дека ниту еден друг граѓанин нема шанси да учествува во тој компетитивен процес. Дел од овие постапки се комплетно незаконски и до сега стигнавме до еден сериозен податок, за ова пишуваа и дел од медиумите, но сега веќе имаме и документи – истакнува Андоновски.

Тој го обелодени и скандалот со незаконските вработувања во ЈП Паркови и зеленило – Скопје, без согласност на основачот, кое е законска обврска.

– ЈП Паркови и зеленило – Скопје има отворено бројни позиции, во јавноста проструија информации за 95, некои зборуваат дека бројката стигнува со некои огласи и до 200 вработени. За што станува збор? Добиена е согласност од МИОА за годишниот план за вработување врз основа на лажен исказ. Тоа е дека ЈП доставило доказ до Министерството дека годишниот план за 2024 година до денес 27. октомври не е ставен на седница на Совет на Град Скопје и не е донесена одлука за согласност или доставени забелешки. Ова е испратено на 27 октомври, а Паркови и зеленило веќе имало информација дека еден ден претходно Советот ќе одржи Седница и на таа седница нивната точка за годишниот план ќе биде 14- точка на дневен ред, значи за ова е информиран 7 дена претходно, околу 19 октомври што значи дека директорот на ЈП Паркови и зеленило имал 5-6 дена да дознае дека веќе е закажана седница на која што точката за годишниот план за вработување е на таа седница, но тој и покрај тоа што го знаел, го известил министерството дека не му е дадена согласност, односно дека нема таква седница на која ќе се дискутира согласноста. За волја на вистината Советот ја разгледал и не ја донел одлуката за давање согласност за годишниот план, што значи дека директорот на ЈП немал согласност за носење на годишниот план, но тој сепак го излажал Министерството и тоа му дало позитивно мислење врз основа на тоа т.н. молчење на основачот и во таа постапка тој отворил повик.

Ја повикувам градоначалничката на Град Скопје да ја поништи постапката како орган кој е надлежен за работата на ова Јавно претпријатие, повикувам да биде разрешен директорот на истото, а повикувам и сите институции кои се надлежни за вработувањата и инспекторатите кои се надлежни за управните постапки да постапат во овој случај и да го утврдат она до кое што ние дојдовме како информација, а тоа е дека директорот на ЈП Паркови и зеленило бил информиран претходно дека ќе се одржи таква седница, но тој и покрај тоа доставил допис во кој што вели дека основачот не закажал седница и не го разгледувал ова барање – потенцира Андоновски.

Share This Article