More

    Донација од тројца Македонци од Виена

    spot_img

    Надгробната плоча на гробот на Тодор Паница, учесник во македонското ослободително движење и еден од основачите на ВМРО (Обединета), е донесена во Музејот на Македонија, благодарение на Петар Кајевски, Дарко Стојанов и Марија Милчин, Македонци кои живеат во Виена – објави Сдк.мк.

    Паница бил убиен во Виена во 1925 за време на претставата „Пер Гинт“ во виенскиот „Бургтеатар“ од Менча Карничу од Крушево, која подоцна му станала сопруга на Ванчо Михајлов. Тој бил погребан на Централните гробишта во Виена, а правото за користење на гробот истекло во 1991. Во такви случаи надгробните споменици се продаваат или се рециклираат како градежен материјал, но тоа не се счучило со гробот на Паница. По многу бирократски процедури, тројцата Македонци од Виена успеале да ја добијат плочата откако ги платиле заостанатите давачки за гробарина.

    – Наместо да заврши како подлога за асфалт или да биде во Националниот историски музеј во Софија, плочата ќе биде дел од колекцијата на Музејот на Македонија – вели Кајевски, кој работи како ИТ-менаџер и консултант во Виена.

    Тодор Паница е роден во 1879 во Орехово, Бугарија, на јужниот брег на Дунав. Учесник е во македонското ослободително движење, член на Македонската револуционерна организација и приврзаник на Серската група. Тој бил близок соработник на Јане Сандански и еден од организаторите на Народната федеративна партија, како и еден од основачите на ВМРО (Обединета).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img