More

    Доналд Трамп во свој стил најави враќање во Белата куќа

    spot_img

    „Нема да бидат диктатор кога ќе се вратам на власт во 2025 година, освен првиот ден“, најави Доналд Трамп, во свој стил најавувајќи ја кандидатура за претседателските избори во САД и враќањето во Белата куќа.

    Трамп го изјави ова за Фокс њуз, на прашањето дали ќе возврати ако се врати во Овалната соба.

    Поранешниот американски претседател објасни дека во новиот претседателски мандат, ако го доби, ќе биде диктатор, пред сѐ во однос на затворањето на границата.

    – Оснен тоа, јас не сум диктатор – рече Трамп.
    За време на кампањата, демократските кандидати често истакнуваат дека Трамп доколку се врати на власт, ќе биде диктатор и дека ќе се осветува на неистомислениците.

    За време на интервјуто, Трамп го критикуваше специјалниот американски советник за климата, Џон Кери за неговите изјави дека електраните на јаглен мора да бидат затворени.

    – Кина гради по една фабрика за јаглен неделно, огромни фабрики за јаглен и тоа го прават автоматски. А Џон Кери сака да престанеме да правиме сѐ што можеме. Имаме држава, мораме да ги активираме нашите фабрики. Ветерот нема да ги активира нашите фабрики. Нашата земја може повторно да биде богата. Џон Кери треба да се запре. Тој ја уништува нашата земја – рече Трамп, додавајќи дека Кери патува насекаде со приватен авион додека зборува за борбата против климатските промени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img