Поранешниот претседател на САД, моментално еден од кандидатите за претседателски кандидат на Републиканската партија на следните избори, Доналд Трамп, и против кого моментално се води судска постапка, на подарок доби дрес на Кошаркарскиот клуб Црвена звезда. .
Црвено-белиот дрес со број еден и неговото презиме му го врачија претседателот на Собранието на Групацијата Арена Каналс, Милош Јовановиќ и генералниот директор на Групацијата Арена Каналс, Небојша Жугиќ.
Покрај дресот на Звезда, на Трамп му беше врачена и книга за српските манастири, пишува telegraf.rs.
Конкретната цел на посетата и средбата со потенцијалниот претседателски кандидат не е соопштена.