More

    Доналд Трамп и Џо Бајден се најстарите претседателски кандидати во американската историја

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска полни 78 години, што, според американски медиуми, е пресвртница што ќе ги потсети американските гласачи дека двајцата кандидати на претстојните избори се најстарите кандидати во американската историја.

    Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Американците се сѐ позагрижени за возраста на актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, кој има 81 година, иако Трамп е само три и пол години помлад. Доколку Бајден добие втор мандат, ќе биде најстариот претседател што ќе биде инаугуриран.

    Трамп за време на предизборната кампања експлицитно не прашал за годините на Бајден, туку, како што пренесуваат медумоте во САД – се обидувал да ја искористи секоја вербална грешка на противникот, како и бавното одење на Бајден.

    Бајден одговори на прашањата за неговата возраст, велејќи им на гласачите дека треба да се фокусираат на она што тој го постигнал за време на неговиот мандат.

    Тој, исто така, го опиша Трамп како закана за демократијата и ја критикуваше неговата „запалива“ реторика против имигрантите.

    Демократите, исто така, изразија загриженост дали Бајден ќе може да заврши уште еден мандат.

    Во анкетата на Ројтерс/Ипсос од февруари оваа година, околу 78% од испитаниците, од кои 71% се демократи, рекле дека Бајден е премногу стар за претседателската функција.

    Не е јасно колку возраста на претседателот ќе влијае на конечниот исход.
    Првата телевизиска дебата меѓу Бајден и Трамп ќе се одржи на 27 јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img