Домот на музичката ѕвезда Бијонсе од детството беше уништен во пожар на Божиќ. Пожарникарите од Хјустон се бореле со огромен пожар во блокот 2400 на улицата Розедејл во раните утрински часови на Божиќ, јавија локалните медиуми.
На пожарникарите им биле потребни 10 минути за да го изгаснат пожарот, откако пристигнале за само три минути на местото на настанот. Брачниот пар кој живее во куќата и нивните две деца во тој момент биле дома, но биле неповредени. Не е јасно што го предизвикало пожарот во двокатната куќа.
Поради сезоната на празници, декември е водечки месец за пожари во домовите во САД, според Националното здружение за заштита од пожари.
Семејството Ноулс, чија најстара ќерка Бијонсе Жизел Ноулс-Картер стана меѓународна ѕвезда, платило 64.000 долари за домот во Хјустон во 1981 година, пишува американскиот портал ТМЗ. Тие го напуштиле домот во 1986 година, откако се родила нејзината сестра, Соланж Пијаже Ноулс.
Куќата има спирални скали, три бањи и канцеларија. ТМЗ известува дека купувачот платил 310.000 долари за плацот покрај таа куќа минатата година. Бијонсе настапи во Хјустон двапати во септември, додека ја завршуваше својата светска турнеја „Ренесанса“ вредна 579 милиони долари.