Домашен притвор за лицето осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основниот кривичен суд Скопје определи мерка домашен притвор за лицето осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираат оттаму, ќе вложи жалба на ваквата одлука.

Вчера, надлежниот јавен обвинител беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во М-НАВ.

Претходно за упадот во М-НАВ домашен притвор беше одреден за четири лица, меѓу кои и Беким Незири советник во М-НАВ и функционер на ДУИ.

Share This Article