More

    Домаќинствата за 14 отсто ја намалија вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари

    spot_img

    Домаќинствата за 14 отсто ја намалија вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од Електродистрибуција.

    Согласно податоците, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесува повеќе од 349 гигавати додека истиот месец лани се потрошени 408 гигават часови електрична енергија.

    – Од јануари по стапување на сила на новата цена на електрична енергија која за 99,2 отсто од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 отсто, споредбено со истиот период од минатата година – вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

    РКЕ од 1 јануари донесе одлука со која за 20,15 отсто се намали цената на електричната енергија за над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок ја намали за 4,11 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img