Домаќинките ги засукаа ракавите, Гугл „гори“ во последните 24 часа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонците влегоа во „војна“ со пекарите, а тоа го покажуваат резултатите што точно пребарувале нашите сограѓани на Гугл во последните 24 часа барајќи рецепт за домашен леб, откако утрово во маркетите немаше никаков леб.

„Рецепт за леб“, „Домашен леб рецепт“, „Леб рецепт“, „Домашен леб“ и „Месење леб“. Ова се најбрзорастечките термини на најкористениот пребарувач на Интернет. Некои од овие пребарувања пораснале и за повеќе од 5.000%, додека другите забележуваат раст од околу 100 до 250 %.

Во меѓувреме, во најпопуларни термини кои се пребарувале во изминатите 24 часа влегува и терминот „апарат за леб“.

фото: Принтскрин

Податоци во реално време за најпопуларни пребарувања поврзани со терминот „леб“ во изминатите 24 часа

Ваквите податоци доаѓаат во време кога Владата ја замрзна цената на белиот и полубел леб на 33 денари, во тежина од 450 грама и повеќе, како и цена до 33 денари за лебот со тежина под 450 грама, односно цена што ќе биде во сооднос со тежината на лебот.

Пекарската индустрија претходно се закани ќе го запре производството и испораката на леб, а од утрово низ маркетите се забележува недостаток на овој основен производ.

Share This Article