More

    ДОЛГА Е ЛИСТАТА ДОКАЗИ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА Обвинителите ја читаа цел час

    spot_img

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово, на денешното рочиште за пожарот во модуларната ковид-болницата на 8 септември лани, во кој загинаа 14 лица, денеска ги презентираше материјалните докази, а на следното рочиште треба да се испитаат и сведоци.

    Речиси еден час обвинителите ја читаа долгата листа со извештаи, вештачења, решенија, записници и слично, при што одбраната реагираше дека доказите се изведуваат со цитирање на насловите, а треба да биде со расправа, читање и презентирање. По приговорите дека недостасуваат докази, беше пристапено кон нивно поединечно разгледување.

    Адвокатите посочија и дека од списокот со докази недостигаат одреден број наслови, како и дека дел од нив содржат недостатоци кои ги прават неупотребливи.

    Следната главна расправа во овој судски процес е закажана за 16 јануари 2023 година за кога судот најави дека ќе испрати покани до сведоците предложени од ОЈО Тетово.

    Обвинети за овој случај се двајцата директори на тетовската болница Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница Тетово како правно лице. На почетокот на судскиот процес сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

    Кривичното дело за кое се товарат поранешните директори Бесими и Етеми, гласи „тешки дела против општата сигурност“, а докторот Вучевски се товари за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. За истото дело се товари и правното лице Клиничка болница.

    Жители на Тетово се собраа денеска пред зградата на Основниот суд во знак на поддршка на лекарот Вучевски, за кој сметаат дека нема вина за трагедијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img