More

    Докторката (31) заспала во болница, ја силувале и убиле: Сега на улица има илјадници луѓе!

    spot_img

    Илјадници жени и медицински работници излегоа на улиците на Индија за да повикаат на прекин на сексуалното насилство во земјата, по неодамнешното силување и убиство на млад лекар во Калкута.

    Помали протести се одржаа и во други индиски градови како Делхи, Хајдерабад, Мумбаи и Пуна. Главниот организатор на настанот, 29-годишната истражувачка Римјхим Синха, рече дека се надева оти протестите ќе го означат почетокот на промените во земјата, која долго време е зафатена со родово базирано насилство.

    Во злосторството што го поттикна движењето, 31-годишна докторка била силувана и убиена за време на нејзината смена додека одмарала во сала за семинари каде што требало да биде на безбедно. Официјалните лица се обидоа да ја прикријат нејзината смрт, велејќи дека тоа е самоубиство.

    „Беше неодговорно девојка да оди сама навечер во семинарската сала“, ги објави британскиот таблоид зборовите на Сандип Гош, директорот на медицинскиот факултет кој во меѓувреме поднесе оставка.

    Полицискиот доброволец Санџај Рој е уапсен во врска со нападот. Централното истражно биро на земјата, кое го презеде случајот, го опиша убиството и силувањето како брутално.

    „Агресивноста на овие злосторства ескалира и јасно е дека жените се повеќе стануваат жртви на овие криминални дејствија“, велат тие.

    Индиската медицинска асоцијација (IMA), најголемата група на лекари во земјата, соопшти дека ќе ги затвори повеќето болнички одделенија, освен основните услуги, на 24 часа од саботата наутро, што е најголемиот таков штрајк во најмалку една деценија, пренесува Јутарњи.

    За време на протестите во Калкута, локалните медиуми објавија дека група мажи ја пробиле полициската барикада пред болницата во која се случи убиството, упаднале во женското одделение, превртеле кревети и уништиле медицинска опрема.

    Премиерот на земјата, Нарендра Моди, се осврна на шокантниот инцидент во својот говор на Денот на независноста, повикувајќи на строга казна за злосторствата врз жените.

    „Како општество мораме да размислуваме за злосторствата што се вршат врз нашите мајки, ќерки и сестри. Во земјата има гнев против тоа. Го чувствувам овој гнев“, рекол Моди, а пренесува британскиот таблоид.

    Програмата на N1 телевизија можете да ја следите ВО ЖИВО на овој линк како и преку апликации за Android|iPhone

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img