More

    Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, a доктор Соња Николова е новата директорка на Институтот за радиологија

    spot_img

    Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, a доктор Соња Николова е новата директорка на Институтот за радиологија.

    Официјална потврда од Министерството за здравство за Мехмедовиќ сѐ уште нема, но добро упатени извори за МИА потврдија дека Мехмедовиќ ќе биде назначен на оваа функција.

    Мехмедовиќ е портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот. Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.

    Назначувањето на Николова на Радиологија е потврдено од Министерството за здравство.

    Новиот министер за здравство Арбен Таравари смени повеќе директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.

    Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити за директор на Клиниката за неврологија.

    Таравари на брифингот со новинарите на почетокот од месецов рече дека до петок ќе знае кој ќе биде новиот директор на ГОБ „8 Септември“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img