More

    Доктор Нико Беќаровски се огласи во врска со питата со пестицид и смртта на 47-годишна скопјанка

    spot_img

    Докторот и поранешен директор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски, вечерва на Фејсбук објави нови информации во врска со смртта на 47-годишната жена од Скопје која јадела пита со праз во која имало од смртоносниот пестицид „метомил“.

    „За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труење и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), попознат како Ланате, не е ниту „прсканиот праз” ниту брашното во питата“, напиша Беќаровски и додаде:

    „Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек. Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“.

    Ефектите на метомилот се смртоносни за луѓето. Во истражување од 2017 година на Призма, кое ги следи случаите со труење улични кучиња со овој инсектицид и неговата можна злоупотреба од земјоделците, се вели дека само еден грам може да убие човек тежок 70 килограми.

    Александар Станков, директорот на Институтот за судска медицина, во истражувањето ги опишува последиците од земањето на отровот:

    – Тој карбаматен инсектицид е нервен отров и го оневозможува пренесувањето на нервните импулси. Тоа е изразено во вид на грчеви во мускулатурата, огромно лачење на плунка, оток во белите дробови, секреција во бронхиите што се манифестира како пена во устата и на крај доаѓа до депресија на центарот за дишење, кома и смрт – вели тој.

    Случајот со смртоносната пита со праз бил пријавен пред неколку дена во полиција и објавен е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е сѐ уште во кома на КАРИЛ.

    Блиски роднини на фамилијата за ТВ Алфа реколе дека питата ја правела бабата во семејството користејќи два типа на брашно и праз. Од Токсикологија претходно рекоа дека се работи за инсектицидот „метомил“, наречен и „ланате“, чија продажба е забранета со закон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img