Португалскиот репрезентативец Гонкало Гуедеш е нов играч на Вулверхемптон со кој потпиша петгодишен договор, објави доцна навечер англискиот премиерлигаш на својата официјална веб-страница.
Гуедеш во Англија пристигна од шпанска Валенсија, за која минатата сезона постигна 13 гола. Во Валенсија овој крилен напаѓач одигра 178 натпревари во пет сезони и постигна 36 гола со 30 асистенции.
25-годишникот е производ на фудбалската школа на Бенфика, преку која стигна до првиот тим за кој дебитираше на 17 години. Тој одигра вкупно 67 натпревари за Бенфика и постигна 11 гола, пред да се пресели во Пари Сен Жермен во јануари 2017 година. Во Париз остана само сезона и половина и настапи на само 13 натпревари, а потоа повторно го покажа својот потенцијал во дресот на Валенсија каде ја мина првата сезона на позајмица од ПСЖ.
Португалецот има 31 настап за португалската репрезентација за која постигна седум гола.
Главниот тренер на Вулверхемптон, 46-годишниот Португалец Бруно Лаге, работеше со Гуедеш кога тој беше на почетокот на својата сениорска кариера во Бенфика.
Инаку, Волвс се познати како „португалски премиерлигаш“, па Гуедеш ќе ја дели соблекувалната со десет сонародници: Хозе Са, Бруно Жордао, Педро Нето, Рубен Невес, Даниел Поденце, Гонкало Гуедес, Чикињо, Нелсон Семедо, Тоти. и Жоао Мутињо.