Дојави за бомби утринава пристигнале на електронските адреси на 14 училишта во главниот град, информира Министерството за внатрешни рабтои.
– Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 14 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – изјавија од МВР за Плусинфо.
Во текот на вчерашниот ден имаше дури 86 заканувачки пораки за институции и училишта во Скопје, како и во едно училиште во Прилеп. Се испостави дека сите вчерашни дојави биле лажни по деталните проверки на МВР.