More

    Осуден од Кумановската група во живо на косовска телевизија

    spot_img

    Ние сме борци и ослободители на албанскиот народ во Македонија, изјави Фатмир Речица, еден од осудените за масакрот во Диво насеље, кој одлежува затворска казна од 40 години во Идризовово директно вклучување за косовска телевизија.

    Преку директна врска од затворот Идризово за емисијата ФРОНТАЛ на косовската телевизија Т7, Речица рече дека дискриминацијата што му се вршела на албанскиот народ е една од причините поради кои тие патувале од Косово во Македонија.

    – За Албанците ние сме ослободители и борци на нашиот народ. Со оглед на настаните во Македонија, дискриминацијата на албанскиот народ. Дојдовме со добра волја со идеалот за национално единство – рече Речица по повод 8-годишнината од крвавите настани во Диво Насеље, пренесува Газета Експрес.

    Тој покажа и една од фотографиите на која се гледа тој заедно со некои други соборци, некои од нив убиени, а некои сега се во затвор.

    – На таа фотографија некои се маченици, а некои се во затвори. На косовско-македонската граница. Во село на самата граница. Не беше лесно да се мине границата, но бевме екстра внимателни на целиот пат – коментира Речица.

    Речица рече дека имале поддршка од Косово, но рече дека ќе ги открие имињата кога ќе дојде време за тоа.

    – За жал, во Косово не се зборува за тоа дека имавме поддршка од Косово. Ќе дојде ден кога ќе кажеме по име и презиме, кој ни даде поддршка – вели тој.

    Речица вели дека е осуден на 40 години затвор и напоменува дека си ја исполнил должноста.

    Апелацискиот суд – Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

    Во затворот „Идризово”, како и во останатите затвори, не се дозволени телефони, а полицијата во неколку акции таму пронаоѓаше и одземаше телефони, како и ладно оружје и дрога. Се поставува прашањето дали осудените за „Диво насеље“ се привилегирани, па имаат можност, веќе неколку пати по ред, во живо да се вклучат во емисии на косовски телевизии.

    Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското „Диво Насеље“, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата.

    Врховниот суд подоцна не дозволи повторување на постапката за предметот, а осудените најавија дека ќе се жалат пред судот за човекови права во Стразбур.

    Министерот за правда Кренар Лога во интервју за РСЕ пред две недели изјави дека се комплетира документацијата за префрлање на осудените терористите во Косово, каде тие би породолжиле да ја издржуваат затворската казна. Мнозинството граѓани на овој чин гледаат како на де-факто ослободителна пресуда, и се сомневаат во какво било издржување на затворските казни надвор од територијата на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img