На писателот Томислав Османли вчера му беше доделено признанието „Европска личност на 2022 година“ во нашава земја, на свеченоста по повод Денот на Европа, одржана во присуство на највисоки државни, дипломатски и партиски гости.
Собирот одржан во просториите на салата „Рагуса” во Скопје, имаше работен наслов „Иднината на проширувањето на ЕУ во контекстот на се тековните безбедносни предизвици – кои се бенефитите за Северна Македонија и за Европската унија?”.
Главен говорник на собирот беше претседателот на државата Стево Пендаровски, а дебата на темата модерирана од амбасадорот Андреј Лепавцов водеа амбасадорите Дејвид Гир шеф на претставништвото на Европската унија во нашава земја и амбасадорката Ами Ларсон Џајн од Кралството Шведска, како и претставниците на домашните политички партии Моника Зајкова, Африм Гаши и Тимчо Муцунски. Организатори на големиот речиси целодневен настан проследен од бројни гости од политичките, научните и младинските структури се „Европското движење Северна Македонија”, дел од Меѓународното европско движење , „Фондацијата за европски студии Вилфред Мартенс” и Фондацијата „Конрад Аденауер”.
Од името на организаорите на големиот свечен и дебатен собир, Претседателката на Европското движење на Северна Македонијан проф. Д-р Милева Ѓуровска на нашиот \\
Во својата реч Османли, меѓу другото истакна:
– Откако паметам за себе инклузивноста ја сметам за највисоката етичка и социјална вредност. Пред сѐ европската инклузивност. Европа беше мојата перманетна – политичка, авторска и човечка преференција имајќи предвид дека таа беше континент на прогресивни и на млади идеи кои беа толку атрактивни (инклузивни!) во нејзините формативни години, како впрочем и во виталните европски години од минатиот век. Беше тоа време на отвореност, во кое ние од Југославија значи и од Македонија слободно патувавме низ европските земји и во сите нив носевме дел од нашите вредности, а потоа – на истиот начин – во нашите простори, дух и култура носевме вредности, идеи и творби од европските земји – рече Османли.
Истакнувајќи дека Европа која тој ја имагинира е „развиена според големите изворни визии на нејзините креатори, за Европа на правичност и еднаквост, за Европа на соработка; за миротворна Европа!; за Европа на силните економии, но постулирана примарно врз моќта на знаењето, на политичките идеали, на писменоста и на естетската убавина раскошно развиени и распослани ширум нејзиното тло, врз разнообразните хуманистички наследства, вредности, учења и идеи – од атинската демократија на Солон, Перикле и политичката мисла на Аристотел, римската јуриспруденција, идеите на Русо и Волтер и воопшто на плејадите нејзини еманципаторни и филантропски мислители; за Европа на духот и на непоразените етички идеи!
Конечно, добиникот на Плакетата за македонска европска личност на годината, заклучи:
– Европа на новото време за мене е ревитализирана конфедерација на слободни и еднакви држави и култури, политичка и интеркултурална заедница на општите, на заденичките и на посебните интереси и вредности на државите и нациите, меѓу кои – како и најголемиот дел од моите надежни сограѓани – и самиот за темелна ја сметам – нејзината отвореност и нејзината рамноправна инклузивност – рече Османли.