Додека во Собранието својот говор пред македонските претеници го имаше претседателката на Европска комисија, една група од демонстраните започна да фрла јајца кон македонскиот парламент со што уште еднаш го изразија својот револт против францускиот предлог.
Како што можеше да се забележи, додека пред Собранието „Левица“ го изведуваше перформансот „ни крвават рацете за Македонија“, група момчиња донесоа јајца пред Собранието. Додека едни оставаа отпечатоци од дланките на асфалтот, други почнаа со јајцата да фрлаат по Собранието.
Само мал дел од луѓето кои протестираат фрлаа јајца кон законодавниот дом, другите додека останатите демонстранти мирно ги следат и продолжуваат со патриотски песни, барањата за оставка на пратениците и на членовите на владата.