More

    Добри вести за 100.000 вработени во Германија: Доаѓаат повисоки плати и бонуси

    spot_img

    Работодавците и ИГ Метал постигнаа договор: Од 1 октомври вработените во текстилната индустрија во Германија ќе добиваат најмалку 130 евра повеќе месечно и додаток за инфлација.Приближно 100.000 вработени во германската текстилна индустрија ќе добијат зголемување на платите за 4,8 отсто почнувајќи од 1 октомври.

    „Тие добиваат најмалку 130 евра повеќе месечно“, објавија во саботата ИГ Метал.

    Од 1 септември 2024 година платите ќе се зголемат за нови 3,3 отсто или најмалку за 100 евра. Освен тоа, вработените добиваат и ослободена премија за инфлација во износ од 1.500 евра. Договорениот колективен договор ќе важи до 28 февруари 2025 година, јавуваат германските медиуми.

    „Имаше пробив во четвртиот круг преговори во саботата навечер“, соопшти синдикатот.

    „Отсекогаш нагласувавме дека сегашната политика на плати не може да ја компензира инфлацијата предизвикана од војната“, објасни преговарачот на ИГ Метал, Марк Отен. Заедно со владините мерки за олеснување, постои силен генерален пакет против зголемените трошоци за живот.

    „Овој многу добар резултат беше возможен само благодарение на големото учество на вработените во штрајковите“, се наведува.

    Серија штрајкови
    Важно е да се напомене дека Германија неодамна се соочува со серија штрајкови. Досега штрајкуваа вработените во аеродромите, јавниот транспорт, јавните установи како болниците и градинките.

    Исто така, вработените во поштата, но и лекарите побараа повисоки плати.

    Синдикатите во Германија едногласно посочуваат дека е неопходно да се покачат платите на работниците поради високата стапка на инфлација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img