Вулкан во југозападен Исланд еруптираше вчера по неколку недели интензивна сеизмичка активност. Речиси 4.000 жители беа евакуирани од околните градови.
Доаѓаат повеќе снимки од огромната ерупција, која беше предизвикана од стотици земјотреси регистрирани во областа минатиот месец.
Ерупцијата се случила на околу четири километри од рибарскиот град Гриндавик и недалеку од електраната Сварценги. Вулканолозите првично стравуваа дека ерупцијата претставува значителна закана и за градот и за геотермалната централа, но подоцнежните проценки покажаа дека ситуацијата не е толку страшна како што се претпоставуваше претходно.