Доаѓа првиот топлотен бран – Високи температури и сахарска прашина, ама и услови за невреме

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од утре во јужните делови на Европа пристигнува првиот силен топлотен бран со високи температури, но и натаму ќе продолжи нестабилниот период, па така ќе имаме и сонце и непогоди со врнежи, грмотевици и град, покажуваат најновите најави на метеоролозите.

– Од овој викенд следат вистински летни температури и до 35 степени, придружени со локална попладневна нестабилност и можност за ново невреме, периоди на локална попладневна нестабилност, проследени со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, како и со услови за локално невреме во Македонија продолжува и во следниот период – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Тој истакнува дека од викендот, па до средината на следната недела под влијание на изразено југозападно струење на висина, температурите значително ќе пораснат и ќе бидат натпросечно високи и летни и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Не се исклучува можноста во овој период температурите да надминат и 35 степени во најтоплите централни и југоисточни предели во земјава.

– Токму поради изразеното југозападно струење на висина, од викендот и тоа од Сахара кон Македонија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата нема да биде во целост чиста и ќе биде заматена. Во Скопје од викендот температурата значително ќе се покачи и над 30 степени – истакнува Попоски.

Според него, најкритично ќе биде во периодот од 31 мај до 3 јуни кога се очекува циклонска активност над северна Италија. Во тој период, во најголем дел од регионот се очекува многу нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер.

– На повеќе места ќе се создадат услови за невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, силни грмежи, бурен ветер и силен град. Можни се локални поплави, особено во делови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и на северот на соседна Србија. Препорачуваме крајна внимателност! И во Македонија во овој период локално постои можност за локално невреме, што значи и покрај топлиот бран од Африка, стабилизирање на времето нема да има – заклучува Попоски.

Share This Article