„Целиот свет треба да ни ја украде идејата“, пишува еден српски портал, известувајќи за новиот знак за женски тоалет на белградскиот аеродром.
Еден од најпрепознатливите знаци на западната и глобалната цивилизација е секако оној што ги означува јавните тоалети и ги дели на машки и женски.
Вообичаениот знак покажува две силуети, маж и жена (понекогаш на нив се додаваат други, на пр. за лицата со посебни потреби). Мажот е во панталони, жената во здолниште или женски фустан.
Но – жените денес (барем во западниот свет) не носат здолништа толку често или воопшто не носат, а некои луѓе сликата на жена во здолниште ја гледаат како „застарена и ограничувачка“. Но, сега се чини дека останаа во чекор со времето на белградскиот аеродром Никола Тесла и ги освежија таблите на тоалетите“, пишува српскиот портал nova.rs.
Како што може да се види од објавената фотографија, знак за машкиот тоалет и понатаму е „класичниот“ маж во панталони, додека женскиот тоалет е означен со силуета со женски облини, но и во панталони.
„Со една навидум мала акција всушност се прави голем чекор во согласност со времето и светот во кој живееме“, пишува српскиот портал и додава дека „целиот свет треба да ни ја украде идејата“.
Воедно, тие не потсетуваат и на акцијата на американската компанија Axosoft, која започна кампања наречена „It was never a dress“ („It never was a dress“), за која се зборува во написот Дали знаете што женскиот знак на тоалетот претставува? Можеби не е до фустанот, напишавме и ние.