Времето денеска ќе биде сончево, а во југозападните делови на земјата претпладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурите ќе го достигнат 27. степен.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер.
Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.