More

    До крајот на годината, нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електрична енергија за домаќинствата

    spot_img

    До крајот на годината, нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електрична енергија за домаќинствата, како што беше најавено, информира денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

    Според претходните најави од регулаторите, од 1 ноември требаше да се воведе уште еден час поевтина струја, од 13.00 до 16.00 часот, наместо како што е сега од 13.00 до 15.00 часот.

    Бислимовски образложи дека ова би ја загрозило евтината тарифа во ноќните часови од 22 до 7 часот наутро, односно двата ноќни часа од 22.00 до полноќ.

    – Анализите покажаа дека цените на берзата се евтини во периодот од 12.00 до 16.00 часот и може да се воведат дури 4 часа евтина попладневна тарифа, наместо два како досега, но проблемот е во тоа што ноќните цени на берзата сега се многу високи и ќе треба да ја укинеме евтината струја од 22.00 до 24.00 часот, а луѓето веќе имаат стекнато свои навики и не сакаме да предизвикаме револт – рече Бислимовски.

    Бислимоски рече дека ова е директен резултат од случувањата на европскиот пазар на струја.

    Тој рече дека регулаторите не се откажуваат од зголемување на бројот на часови со дневна евтина тарифа, но сега не сакаат да ја вложат дополнително финансиската состојба на ЕСМ.

    – Кога ќе имаме порелаксирани услови на пазарите на електрична енергија ќе го зголемиме бројот на часови со дневна евтина тарифа. Кога условите ќе бидат подобри  повторно ќе се разговара со ЕСМ и со ЕВН за евтината тарифа – рече Бислимоски.

    Бислимоски рече и дека цената на парното до крајот на грејната сезона нема да се менува, бидејќи засега цената на гасот е на ниско ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img