Иран се подготвува да испрати околу 1.000 парчиња ново оружје во Русија, беспилотни летала и балистички ракети од типот земја-земја со краток дострел. Ова за Си-Ен-Ен го потврдиле западни претставници кои ја следат иранската програма за оружје, а кои сакале да останат анонимни.
Ова ќе биде првпат Иран да испрати напредни прецизно наведувани ракети во Русија, што може да му даде на Кремљ значаен поттик на бојното поле.
Последната испорака на оружје од Иран за Русија вклучуваше околу 450 беспилотни летала, изјавија официјални лица, кои Русите веќе ги користеа во Украина. Украинските власти соопштија дека минатата недела собориле повеќе од 300 од иранските беспилотни летала.
Оваа нова испорака ќе означи значително зголемување на иранската поддршка за руските воени напори. Иако точното време кога пратката ќе пристигне во Русија е нејасно, властите веруваат дека оружјето дефинитивно ќе биде испорачано пред крајот на годината.