До 2025 година Македонија треба да добива гас од Грција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во следните неколку дена, односно до крајот на месецов се очекува во Грција да биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција, пишува грчкиот портал „Енерџи прес“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на порталот специјализиран за енергетски теми, грчкиот национален оператор за пренос на гас (ДЕСФА) е подготвен за почеток на конкретната процедура за избор на изведувач што ќе ја преземе изградбата на гасоводот и набавката на секундарни материјали.

„Намерата на Операторот е процесот со потенцијалниот изведувач да заврши наесен за да може да се донесе конечната инвестициска одлука, секако пред крајот на годината, па дури и пред декември. Дополнително, според истите информации, почетокот на работата на гасоводот се очекува да биде кон средината на следната година“, пишува „Енерџи прес“.

Порталот посочува дека грчкиот оператор ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Северна Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.

„Доминацијата на ДЕСФА над останатите кандидати на тендерот, практично значи дека Операторот на грчкиот систем ќе има надзор над изградбата на целата инфраструктура, бидејќи е одговорен и за развојот на делот на домашен терен“, пишува порталот.

Интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални система за пренос на природен гас, а планирано е да биде завршен до средината на 2025 година.

Share This Article